Hakan Çopur
25 Октомври 2020•Ажурирај: 26 Октомври 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Според „Проект за избори во САД“, веб-страницата што собира информации за предвременото гласање за претседателските избори во Соединетите Американски Држави (САД), повеќе од 56 милиони 567 илјади луѓе го искористиле своето уставно право и гласале по пошта или во гласачката кутија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Додека бројот на лица кои својот глас го испратиле по пошта надмина 38 милиони, приближно 17 милиони луѓе избраа да гласаат тет-а-тет на избирачките места.
- Долги редици се формираа првиот ден во Њујорк -
Долги редици беа формирани пред многу избирачки места во американската сојузна држава Њујорк, каде што вчера започна процесот на предвремено гласање.
Како резултат на тоа што е викенд, забележано е дека гласањето што започна во центарот на градот Њујорк уште од раните утрински часови продолжи и во подоцнежните часови со ист интензитет.
Професорот Мајкл Мекдоналд, експерт за избори на Универзитетот во Флорида и администратор на веб-страницата „Проект за избори во САД“, претходно изјави дека дозволувањето на предвремено гласање по пошта или на гласачките места во многу држави поради пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19) е еден од главните фактори за зголемување на бројот на гласачи.
Врз основа на стапката на предвременото гласање, Мекдоналд предвидува дека на овие избори можно е да гласаат 150 милиони лица, што би одговарало на 65 проценти од гласачкото тело во земјата, посочувајќи дека тоа би претставувало највисоко ниво на излезност уште од 1908 година.