Islam Doğru
25 Декември 2022•Ажурирај: 26 Декември 2022
ЊУЈОРК (АА) - Федералниот суд на Соединетите Американски Држави (САД) донесе одлука дека војниците Сики кои служат во американската војска можат да ги задржат брадите и турбаните поради своите верски убедувања, јавува Агенција Анадолија (АА).
Окружниот суд за Дистриктот Колумбија ја прифати жалбата на тројца војници припадници на сикизмот во единицата на американските маринци на кои не им беше дозволено да пуштаат брада и да носат турбани.
Судот пресуди дека војниците Сики можат да пуштаат бради и да носат турбани за изразување на својата посветеност кон верските убедувања, и дека тоа нема да ги спречи во извршување на нивните должности.
Тројца војници Сики ги положија испитите за приклучување на Маринскиот корпус на американската војска, но се обратија до судот кога од нив е побарано да ја избричат брадата и да ги тргнат турбаните како што налагаат правилата на кампот за основна обука.
Воените претставници тврдеа дека маринците се подложни на истите практики како дел од тимскиот дух и психолошката трансформација, и дека треба да се „деиндивидуализираат“.