Dildar Baykan Atalay
19 Јули 2025•Ажурирај: 20 Јули 2025
АНКАРА (АА) – Најмалку 30 лица се повредени, од кои 7 се во критична состојба, откако неидентификувано лице со возило влетало во толпа во Лос Анџелес денес во раните наутински часови, објавија локалните медиуми, известува Анадолу.
Несреќата се случила околу 2 часот наутро по локално време, во близина на булеварот Западна Санта Моника, во област позната по своите музички локали, во источен Холивуд, објави Си-ен-ен (CNN), цитирајќи ја противпожарната служба на Лос Анџелес (LAFD).
Во веста се наведува дека 7 лица се транспортирани во критична состојба, 6 се здобиле со сериозни повреди, а на 10 лица здравствена состојба е задоволителна.