Oktaj Omeragikj
19 Јули 2025•Ажурирај: 20 Јули 2025
СКОПЈЕ (АА) - Имигрантите, државјани на Венецуела, кои беа чувани во затворот CECOT (Притворен центар за тероризам) во Ел Салвадор, обвинети од САД за припадност на криминалната организација Трен де Арагва, депортирани се во матичната земја.
Наиб Букеле, претседателот на Салвадор, објави дека повеќе од 250 државјани на Венецуела депортирани од администрацијата на Трамп во март, репатрирани се како дел од договорот за размена постигнат со Венецуела.
Според договорот, ослободени се и 10 американски државјани и неколку венецуелски политички затвореници.