Hakan Çopur
28 Март 2018•Ажурирај: 29 Март 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Двајцата бели полицајци нема да бидат казнети за убиството на Афроамериканецот Алтон Стерлинг во 2016 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Обвинителот на американската сојузна држава Луизијана, Џеф Лендри, во вчера соопшти дека двајцата бели полицајци, Блејн Саламони и Хови Лејк, пукајќи во Стерлинг, дејствувале „разумно и прифатливо“.
Обвинителот Лендри соопшти дека нема да им биде доделена никаква казна на двајцата полицајци кои го убиле Стерлинг, пукајќи во него, додавајќи дека тоа е одлука донесена во врска со истрагата која се води од 2016 година, досега.
Лендри информира дека двајцата полицајци кои учествувале во случајот во кој бил вмешан Стерлинг, на местото на настанот биле испратени по повик. Тој додаде дека полицајците првенствено се обиделе да го приведат Стерлинг, кој во рацете имал оружје.
Убиството беше причина за протест против „полициското насилство“
Во американската сојузна држава Луизијана, на 5 јули 2016 година, двајца бели полицајци пукаа во Афроамериканецот Алтон Стерлинг, и го убија. Во полицискиот извештај било заведено дека Саламони испукал шест куршуми во Стерлинг.
Полициските официјални лица имаа изјавено дека Стерлинг во рацете имал оружје и им се заканувал на полицајците. Семејството на Стерлинг, како и адвокатот на семејството, тврдеа дека жртвата не го користела своето оружје против полицајците.
На 6 јули 2016 година, во сојузната држава Минесота, Афроамериканецот Филандо Кастилјо беше убиен од бел полицаец.
Една недела по овие настани, во градот Далас, движењето „Животот на црнците е важен“ организира протести на целата територија на Америка, а црнецот Мика Џонсон во Далас уби пет бели полицајци.