Vesna Besic
23 Октомври 2021•Ажурирај: 24 Октомври 2021
ЊУЈОРК
Во Њујорк, еден од најгламурозните градови во светот, започнаа подготовките за божиќните и новогодишните празници, известува Агенција Анадолија (АА).
Големо внимание привлекува куќата „Вајтстоун“ во Њујорк, која е осветлена и уредена пред одржувањето на Ноќта на вештерките. Куќата ги очекува своите посетители во костими на духови, чудовишта и ликови од хорор филмовите.
Голем број Американци им посветуваат особено внимание на украсите по повод празниците, меѓу кои е и Халовин (Ноќ на вештерките) и Божик.