Kasım İleri
05 Април 2018•Ажурирај: 06 Април 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Авион од типот Ф-16 на Воздухопловните сили на Соединетите Американски Држави (САД) се урна во американската сојузна држава Невада, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение на воздухопловната база „Нелис“, која се наоѓа во Невада, се вели дека авионот од типот Ф-16 се урнал во 10:30 часот по локално време, откако полетал од базата за рутинска обука.
Во соопштението не се дадени информации во врска со состојбата на пилотот.