Kasım İleri
16 Јуни 2022•Ажурирај: 17 Јуни 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Коалицијата против ДЕАШ предводена од Соединетите Американски Држави (САД) соопшти дека е уапсен еден од главните водачи на ДЕАШ во операција изведена во Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во писмената изјава за операцијата „Природна одлучност“ при Обединетите оперативни сили се истакнува: „Коалициските сили уапсија висок водач на ДЕАШ за време на операција во Сирија на 16 јуни. Уапсениот е искусен производител на бомби на организацијата, еден од главните лидери на групата во Сирија.“
Во соопштението не се наведува точно во кој регион на Сирија и како е извршена операцијата.
Исто така, во соопштението не се вклучени детали за идентитетот на водачот на ДЕАШ уапсен во операцијата.
„За време на операцијата не е повреден ниту еден цивил и не се оштетени авионите или возилата на коалицијата. Коалициските сили ќе продолжат да ги апсат остатоците од ДЕАШ каде и да се кријат за да го обезбедат нивниот траен пораз“, се вели во соопштението.
Во веста на медиумите базирана на локални извори, се наведува дека операцијата е извршена со хеликоптери во северна Сирија.