Riyaz Khaliq Khaliq
15 Јуни 2022•Ажурирај: 16 Јуни 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска најави дека ќе присуствува на Самитот на НАТО, кој ќе се одржи подоцна овој месец, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Тој ќе стане првиот јапонски премиер кој ќе присуствува на Самитот закажан за 29 јуни во главниот град на Шпанија, Мадрид.
Говорејќи на прес-конференцијата во главниот град Токио, Кишида рече дека ќе присуствува на состанокот на Г7 на 26 јуни пред да лета за Шпанија, објави новинската агенција „Кјодо“.
Лидерите на Австралија и Јужна Кореја исто така се очекува да присуствуваат на Самитот на НАТО на кој, рече Кишида, „Јапонија има намера да нагласи дека секој унилатерален обид за промена на статус кво сосила е недозволен насекаде во светот“.
Очекуваното учество на лидерите од Азиско-пацифичкиот Регион на состанокот на западната безбедносна алијанса доаѓа во време на потезите на Вашингтон да ги зајакне билатералните и мултилатералните односи во регионот за да се спротивстави на растечкото економско и воено влијание на Кина.
САД ја водат група за соработка во одбраната која ги вклучува Јапонија, Австралија и Индија.
Таа, исто така, формира поширока Индопацифичка економска рамка, или ИПЕФ која беше потпишана од најмалку 13 земји, вклучително и САД.