Associated Press
16 Јули 2022•Ажурирај: 18 Јули 2022
САН ФРАНЦИСКО (АА) - Меѓународниот терминал на аеродромот во Сан Франциско е евакуиран синоќа поради закана од бомба. Пронајдена е потенцијална запалива направа, а едно лице се наоѓа во притвор, соопштија официјалните лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Полицијата на Сан Франциско соопшти дека заканата за бомба е примена околу 20:15 часот, откако е откриен сомнителен пакет.
Истражителите на аеродромот „сметаат дека предметот веројатно е запалив“, но не се познати други детали, освен дека е приведен еден маж.
Стотици патници се евакуирани од терминалот, а информации за настанот на социјалната мрежа Твитер објавија од аеродромот околу 21:30 часот по локално време, без информации за полициските активности.