Cüneyt Karadağ
16 Јули 2022•Ажурирај: 17 Јули 2022
БЕРЛИН (АА) - Бројот на луѓе што примаат помош во храна во Германија надмина 2 милиони, што претставува зголемување од 50 отсто од почетокот на годината, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Здружението на народни кујни Тафел, кое пружа доброволна помош во храна во Германија, се наведува дека од почетокот на годината, бројот на корисници на помош во храна е зголемен за 50 отсто, првенствено поради пандемијата на Ковид-19, инфлацијата и војната на Русија во Украина.
Поголемиот дел од граѓаните што примаат помош во храна се невработени, пензионери со ниски примања и бегалци од Украина.
Јохен Брул, претседател на Тафел, која има 962 подружници во Германија, рече дека е зголемен бројот на луѓе кои се хранат во народните кујни.
„Зголемувањето на бројот од 50 отсто е доказ дека сиромаштијата е во пораст. Тоа значи дека на повеќе од 2 милиони луѓе им е потребна помош во храна“, рече Брул.
Тој ја повика власта да им помогне на народните кујни за да може да се задоволат потребите на населението.
Според извештајот за сиромаштија, стапката на сиромаштија во Германија минатата година изнесувала 16,6 отсто.