Sayed Khodaberdi Sadat
30 Мај 2019•Ажурирај: 01 Јуни 2019
КАБУЛ
Во Кабул, главниот град на Авганистан, извршен е самоубиствен напад во Военото училиште „Марешал Фахим“, во кој животот го загубија 6 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на полицијата на Кабул, Фирдевс Фарамарз, за АА изјави дека напаѓачот-самоубиец, експлозивот што го носел на себе го активирал пред влезот во Военото училиште.
Фарамарз информираше дека во експлозијата животот го загубиле шест лица, а дека уште шестмина се ранети.
Заега никој не ја презеде одговорноста за нападот.