Tevfik Durul
30 Мај 2019•Ажурирај: 31 Мај 2019
ЏЕДА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, истакна дека Малезија и Пакистан се партнери на Турција кои имаат клучна важност, и чија цел е интензивирање на соработката, јавува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу учествуваше на трилатералниот состанок на министрите за надворешни работи на Турција-Малезија-Пакистан, одржан во саудискиот град Џеда.
Шефот на турската дипломатија во овие рамки оствари средби со министерот за надворешни работи на Пакистан, Шах Махмуд Курејши, и со министерот за надворешни работи на Малезија, Дато Саифудин Абдула.
Чавушоглу на Твитер сподели објава во врска со состанокот.
„Малезија и Пакистан се партнери на Турција кои имаат клучна важност. Како големи демократии и економии на исламскиот свет, уште повеќе ќе ја зголемиме нашата соработка, и нашиот заеднички потенцијал ќе го употребите на најдобар начин“, напиша Чавушоглу.
Турскиот министер за надворешни работи, по трилатералниот состанок, оставари билатерална средба со министерот за надворешни работи на Пакистан, Шах Махмуд Курејши.