Hussein Mahmoud Ragab Elkabany,Hamdi Yıldız
20 Јули 2019•Ажурирај: 21 Јули 2019
РИЈАД (АА) – Саудискиот крал, Салман бин Абдулазиз, го одобри влезот на американските сили во неговата земја, пренесува Anadolu Agency (AA).
Саудиската новинска агенција (SPA) во веста што ја базира на извор од Министерството за одбрана соопшти дека кралот Селман, за одбраната на безбедноста и стабилноста на регионот и за зголемување на нивото на соработка со која ќе се гарантира безбедноста во регионот, дозволи влегување на американските сили во земјата.
Според изворот, одлуката е донесена врз основа на заедничката соработка меѓу двете земји, при што двете земји се желни да ја одржат и зајакнат безбедноста и стабилноста на регионот.
Во веста не се дадени информации за бројот и карактеристиките на војниците што ќе дојдат.
Според вестите на „Си-ен-ен“ (CNN) објавени вчера, базирани на претставници од Министерството за одбрана, се очекува САД во воздухопловната база „Принц Султан“ во главниот град Ријад да испратат 500 војници.
Од друга страна, списанието „Њусвик“ во една статија објавена во ноември 2017 година напиша дека бројот на американски војници во Саудиска Арабија достигнал 850.