1 23
03 Јануари 2022•Ажурирај: 04 Јануари 2022
САНА
Коалицијата предводена од Саудиска Арабија денес ги обвини јеменските бунтовници од движењето Хуси дека киднапирале товарен брод кај брегот на Хуаида во западен Јемен, јавува Агенција Анадолија (АА).
Коалицијата тврди дека припадниците на Хусите го киднапирале бродот што превезувал медицинска опрема за саудиската болница на островот Сокотра во Јемен.
„Оваа пиратерија ја покажува опасноста што ја претставува милицијата на Хусите за пловење во протокот (теснец) Баб ел Мандеб“, се наведува во соопштението.
Од движењето на Хусите не се огласија по повод наводите на коалицијата.
Во меѓувреме, Дирекцијата за поморски трговски операции на Велика Британија (UKMTO) соопшти дека примила извештаи за нападот на бродот во близина на јеменското пристаниште „Рас Иса“ на Црвеното Море.
Јемен веќе долго време е поле на безбедносна криза, а често доаѓа и до судири помеѓу Хусите и силите на власта.
Хусите од септември 2014 година ја контролираат Сана и уште неколку подрачја, а коалициските сили, предводени од Саудиска Арабија од март 2015 година, пружаат поддршка на јеменските власти против Хусите.
Хусите често со беспилотни летала и проектили ги напаѓаат подрачјата на југот на Саудиска Арабија.