Zeynep Hilal Karyağdı
04 Ноември 2017•Ажурирај: 05 Ноември 2017
ТАИЗ (АА) - Во судирите кои се случија во последните 24 часа во градот Таиз на југот од Јемен,животот го загубија 40 припадници на хусите и приврзанитите на соборениот претседател Али Абдула Сали, додека од страна на легитимната војска, ранети се 7 војници, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на командата на војската од Таиз, полковник Абдулбасит ел-Бахр, за АА соопшти „Хусите и приврзаниците на соборениот претседател Сали во последните 24 часа изведоа напади врз позиции на леитимната војска, на што воените сили возвратија”.
Полковник Бахр додаде дека хусите и приврзаниците на Сали ги нападнале и воени позиции во месноста Ел-Мукатара кој се наоѓа во границите на подрачјето на Таиз, додавајќи дека била неуспешна целта на хусите да го затвори патот кои ги поврзувал овие две места.
Полковник Бахн во врска со нападот и судирот кој следел потоа рече дека хусите и приврзаниците на Сали загубиле 40 војници, а голем број војници се ранети, истакнувајќи дека од страна на легитимната војска се ранети 7 војници.
Подолг период поради политичката нестабилност во Јемен, хусите и приврзаниците на соборениот претседател Сали, од септември 2014 година навака под контрола ги држат главниот град Сана и некои подрачја во земјата. Коалициските сили предводени од Саудиска Арабија од март 2015 година и ја даваат својата поддршка на владата на Јемен.