Mehmet Nuri Uçar
19 Ноември 2017•Ажурирај: 20 Ноември 2017
АДЕН (АА) - Во судирите кои продолжуваат во Јемен, во месец октомври животот го изгубија 117 цивили, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во извештајот објавен од страна на Организацијата за човекови права САМ со седиште во Женева, се наведува дека 117 цивили загинале во октомври како резултат на судирите кои сѐ уште продолжуваат во таа земја.
„69 цивили загинаа во воздушните напади на коалициските сили под водство на Саудиска Арабија, 40 во случајните ракетни напади извршени во цивилините населени места од страна на Хусите, 3 лица како резултат на малтретирањата во затворите на Хусите и поддржувачите на соборениот претседател Али Абдулах Салих, и 5 цивили загинале во експлозија на мини“, се вели во извештајот на САМ.
Според извештајот, 164 цивили се повредени во судирите на завојуваните страни од кои 22 жени и 43 деца. Исто така се истакнува дека овие лица се повредени претежно во случајните напади на Хусите во населените места, како и во воздушните напади на коалициските сили.
Хусите и приврзаниците на Салих од септември 2014 година под своја контрола ги држат главниот град Сана и некои подрачја од земјата каде што долго време владее политичка нестабилност.
Коалициските сили под водство на Саудиска Арабија од март 2015 година даваат поддршка за владата на Јемен.