Furkan Naci Top
04 Август 2016•Ажурирај: 05 Август 2016
АТИНА (АА) - Заменик-министерот за миграциска политика на Грција, Јанис Музалас, зборувајќи во врска со договорот меѓу Европската Унија (ЕУ) и Турција за мигрантите, наглaси дека засега договорот се реализира, јавува Anadolu Agency (AA).
„Засега договорот се спроведува. Немаме наплив на мигранти, што би го покажало спротивното”.
Во соопштението што го даде Министерството, министерот Музалас рече дека бројот на мигрантите кои доаѓаат на грчките острови по потпишувањето на договорот се менува „меѓу нула и сто".
Министерот Музалас даде своја процена на ситуацијата: „Засега договорот се спроведува. Немаме наплив на мигранти, што ќе го покаже спротивното".
Правејќи споредба со истиот период минатата година, министерот Музалас истакна дека бројката на мигранти кои дошле на грчките острови е намалена за 95 до 97 отсто.
Тој изјави дека одблиску ја следат ситуацијата и дека се загрижени, и притоа надоврзувајќи се на репортажата во германскиот весник „Билд“, рече: „Европа не изјави ништо за тоа дали ѝ е потребен план Б по настаните во Турција".
Во описот се истакнува дека Грција е фокусирана на договорот ЕУ-Турција, негово усогласување, поддршка од страна на Европа и фактот дека договорот има ставки од страна на Турција кои треба да се усогласат.