Ekipa
16 Април 2017•Ажурирај: 16 Април 2017
АЛЕПО/АНКАРА (АА) - Како дел од договорот постигнат меѓу сириската опозиција и режимот предводен од претседателот Башар ал-Асад, заврши евакуацијата на цивилите и војската од четири окупирани подрачја, јавува Anadolu Agency (AA).
Неколку илјади луѓе се евакуирани од Забадани и Мадаја, области под контрола на режимските сили кои припаѓаат на Дамаск и Фуе и Кеферије кои се под контрола на опозицијата.
Автобусите со околу 5.000 луѓе кои ги напуштија Фуе и Кеферије, го продолжија патот по речиси пет часа од бомбашкиот напад врз контролната точка на опозицијата во Алепо.
Конвојот, откако ја помина контролната точка во селото Рашидин, влезе во централниот дел на Алепо. Конвојот од 73 автобуси го придружуваа 20 амбулантни возила на Црвената полумесечина кои ги превезуваа повредените лица.
Во исто време, Мадаја и Забадани беа напуштени од конвој кој превезуваше 2.350 лица, поминувајќи преку контролната точка на режимот во населбата Рамуш.
Конвој од 67 автобуси и осум амбулантни возила во кои беа повредените пристигнаа во Идлиб.
Така, местото Забадани беше целосно испразнето, а околу 4.000 лица кои останаа во Мадаја во согласност со договорот со режимот, ќе продолжат да живеат во оваа област.
Во бомбашкиот напад, што се случи откако конвој кој излезе од подрачјето под контрола на режимот чекаше во Рашидин, загинаа повеќе од 100 лица, а меѓу нив се наоѓаа цивили, членови на Црвената полумесечина и војници.
Во исто време, конвојот кој ја напушти територијата на опозицијата чекаше во населеното место Рамуш.