Betül Yürük
24 Јануари 2023•Ажурирај: 25 Јануари 2023
ЛОС АНЏЕЛЕС - Најмалку 7 лица се убиени вчера во округот Сан Матео во американската сојузна држава Калифорнија, што е втор по ред вооружен напад со смртни последици во оваа држава во рок од три дена, известува Анадолија (АА).
Истрели од огнено оружје се пријавени на две различни локации, при што четири лица се убиени на фарма, а уште тројца убиени се пронајдени на друго подрачје.
„67-годишен маж по име Зао Чунли е идентификуван како осомничен и е приведен“, објави канцаларијата на шерифот на округот Сан Матео.
Осомничениот е пронајден во неговиот автомобил на паркинг, а во возилото имало и оружје.
Најновиот вооружен напад следи по убиството на 11 лица во саботата во студиото за танци во градот Монтереј Парк за време на прославата на лунарната Нова година.