Ekip
17 Јули 2016•Ажурирај: 18 Јули 2016
ТОКИО (AA) – Силен земјотрес го погоди подрачјето на источниот дел на Јапонија вклучувајќи го и главниот град Токио во недела попладне, но не е дадено предупредување за цунами, пренесува Anadolu Agency.
Новинската агенција Кјодо објави дека според податоците на Јапонскиот метереолошки центар магнитудата на земјотресот изнесуваше пет степени во епицентарот во префектурата Ибараки, североисточно од Токио, во 01,24 часот по локално време.
За сега нема извештај за жртвите или причинета материјална штета, а објавено е дека земјотресот се случил на длабочина од 4,3 километри.
Овој земјотрес се случи три месеци откако Јапонија ја потресоа два силни земјотреси на југозападот во кои загинаа 49 лица.