Fahri Aksüt
28 Јуни 2020•Ажурирај: 29 Јуни 2020
АЗАЗ (АА) - Сириската национална војска (SNA) уби најмалку шест терористи на ПКК/ЈПГ во северниот сириски град Азаз,
пренесува Агенција Анадолија (АА).
СНА преку Твитер соопшти дека се судрила со терористите стационирани во подрачјето на Тел Рифат во северна Сирија. Се наведува дека притоа загинале најмалку шест терористи на ЈПГ/ПКК.
Терористичката организација ЈПГ/ПКК, која продолжува со нападите од сириските региони Тал Рифат и Мунбич, најчесто извршува напади врз Џарабулус, Азаз и Африн.
Турција од 2016 година започна три успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор и да овозможи мирно враќање на локалното население. Тоа се операциите „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).
На турските сили на терен поддршка им пружаат војниците на Сириската национална војска, која порано беше позната како Слободна сириска војска.
Цел на Турција се припадниците на терористичката организација ПКК, како во северен Ирак, така и во Сирија. ПКК е одговорна за смртта на десетици илјади луѓе во Турција во последните неколку децении. ЈПГ е сириски огранок на терористичката организација ПКК, а нејзините припадници честопати се обидуваат да се инфилтрираат на турските позиции за да вршат терористички напади.