Ekipa
08 Јануари 2018•Ажурирај: 09 Јануари 2018
ИДЛИБ (АА) - Во воздушни напади извршени во текот на ноќта во Идлиб, Сирија, кој е една од зоните без судири, загинаа 24 цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Извори од Цивилната заштита „Бели шлемови“, тврдат дека цел на нападите биле местата Кин Сафра, Шејх Ахмет, Кефренбил, Ел Гадфе и Фалул, кои се под контрола на опозициските антирежимски групи.
Во воздушните напади загинаа 12 цивили во Фалул, тројца цивили во Кефренбил и во Шејх Ахмет, четири во Ел Гадфе и Кен Сафри и двајца во Ебу Зухур.
Завршени се и акциите на спасување кои ги водеа екипите на Цивилната заштита, а ранетите лица се префрлени во болница.
Во воздушните напади извршени во последните три недели врз Идлиб загинаа најмалку 90 цивили, а над 200 се ранети.