Mohamad Misto
01 Мај 2018•Ажурирај: 02 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Дваесет и пет цивили го загубија својот живот во воздушниот напад извршен од страна на коалицијата за борба против ДЕАШ под водство на САД, во село Ел Фадил кое се наоѓа 60 километри југоисточно од сирискиот град Хасеке и е под окупација на терористичката организација ДЕАШ, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите кои АА ги доби од локалните извори, коалицијата под водство на САД изврши воздушен напад во село Ел Фадил кое е под окупација на ДЕАШ, при шти животот го загубија 25 цивили.
Се истакнува дека нападот е извршен во рано утринските часови, и дека меѓу жртвите претежно се наоѓаат деца и жени.
Селото кое беше мета на коалициските сили, се наоѓа на границата со Ирак, и е еден од последните села кои се под контрола на терористичката организација ДЕАШ.
ДЕАШ во 2016 година се повлече од селата Шедади и Хол при градот Хасеке, со тоа што ги загуби своите најзначајни две точки.