Adham Kako
02 Октомври 2017•Ажурирај: 02 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Сириската мрежа за човекови права (SNHR) објави дека минатиот месец во Сирија се убиени 912 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Во извештајот на СНХР се наведува дека во судирите меѓу режимот на Асад, неговите соузници, терористичките организации ДЕАШ и ПКК/ПЈД, руските сили, коалицијата против ДЕАШ и вооружената формација Тахрир ал Шам, која се бори против режимот, животот го загубиле 912 цивили, од кои 200 се деца, а 144 жени.
Во извештајот се вели: „На 19 септември, руско-сириските сили започнаа воена операција кај Идлиб, што е причината за зголемениот број загинати овој месец. Најголемиот дел од загинатите во земјата настрадаа во нападите на силите лојални на режимот. На второ место доаѓа Русија“.
Во нападите на режимот на Асад насочени кон цивилите, животот го загубија 498 цивили, од кои 101 дете и 83 жени. Во воздушните напади на Русија животот го загубија 207 цивили, од кои 45 се деца, а 31 се жени.
Во нападите на коалициските сили предводени од САД, животот го загубија 104 цивили, од кои 29 деца и 21 жена.
Во извештајот се наведува дека терористичките групи ПКК/ПЈД, поддржани од САД, минатиот месец убиле 11 цивили, од кои 3 деца и 2 жени, додека во нападите на ДЕАШ животот го загубија 40 цивили, од кои 6 деца и една жена.
Според извештајот, во судирите меѓу вооружената опозиција и силите на режимот животот го загубиле 7 цивили, од кои едно дете и 2 жени.
Во напади на движењето Тахрир Шам загинаа 4 цивили.
Од друга страна, во септември загинаа 41 лице чиј идентитет не е откриен.
Во првите 9 месеци од 2017 година, убиени се 8.115 цивили
Сириската мрежа за човекови права соопшти дека во првите 9 месеци од 2017 година се убиени 8.115 цивили.
Според извештајот, во јануари се убиени 781 цивил, во февруари 876, март 1.134, април 14, мај 964, јуни 848, јули 814 и август 772 цивили.
„Потребно е Обединетите нации (ОН) да извршат притисок врз Русија, Иран и Либија, кои ги поддржуваат владините сили (режимот на Асад) да ја прекинат нивната воена поддршка.