Ramazan Turgut
02 Октомври 2017•Ажурирај: 03 Октомври 2017
РИЈАД (АА) - По неодамнешното завршување на аџилакот и во согласност со повеќевековната традиција, најголемото смето место за муслиманите, Ќаба, денес е измиено со зем-зем и со розина вода, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за традиција којашто датира уште од периодот кога божјиот пратеник Мухамед ја ослободи Мека, а традиционално се организира двапати годишно. Првото миење на Ќаба е ова во мухаремот, првиот месец според муслиманскиот календар хиџра, а вторпат во шабан, месец што му претходи на рамазанот.
Тоа е значајна церемонија којашто привлекува илјадници верници, кои околу Ќаба почнуваат да се собираат ноќ претходно.
Саудиската агенција „SPA“ (СПА) јавува дека на миењето на Ќаба присуствувал емирот Халид Фајсал бин Абдулазис, емир на Мека, кој за тоа го одредил саудискиот крал Сeлман бин Абдулазиз.
На церемонијата присуствуваа и голем број други официјални лица на Саудиска Арабија, а внатрешноста и надворешните ѕидови на Ќаба се измиени со мешавина од ружина вода помешана со вода од изворот Зем-зем.