Ali Rezzakoğlu
07 Март 2022•Ажурирај: 07 Март 2022
АНКАРА (АА) - Најмалку двајца Сиријци загинаа утрово во израелски напад на главниот град Дамаск, соопшти сириската официјална новинска агенција САНА, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Околу 05 часот наутро (03:00 GMT) утринава, израелскиот непријател започна воздушен чин на агресија од правец на јужен Бејрут, гаѓајќи со проектили некои локации во околината на Дамаск“, цитира САНА воен извор.
Изворот, кој не сакал да биде именуван, тврди дека „воздушната одбрана ги пресретна ракетите и ги собори повеќето од нив“.
Тој наведе дека во нападот загинале двајца цивили, додавајќи дека е причинета и материјална штета.
Кон крајот на минатиот месец, тројца сириски војници беа убиени откако израелски проектил погоди некои локации во околината на Дамаск.
Израел во неколку наврати изврши напади врз Сирија насочени кон силите на режимот на Башар ал Асад и групите поврзани со Иран.