Betül Yürük
09 Август 2016•Ажурирај: 10 Август 2016
ЖЕНЕВА (АА) – Од Обединетите нации (ОН) беше соопштено дека поради интензивирањето на судирите во Сирија, патиштата Кастело и Ханесер се затворени. Едниот од нив овозможува влез-излез во источниот дел на Алепо, а другиот во западниот дел на Алепо, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на канцеларијата за координација на хуманитарни работи на ОН, Хенс Лерке, на прес-конференцијата одржана во канцеларија на ОН во Женева изјави дека по затворањето на патот Кастело, во источниот дел на Алепо биле блокирани речиси 275 илјади луѓе.
Лерке нагласи дека по затворањето на патиштата Кастело и Ханесер, кои овозможуваат влез-излез во источниот и во западниот дел на градот, повеќе од 2 милиони луѓе останале под опсада, и за Алепо упати повик да се прекине огнот за 48 часа.
Лерке потсети дека нападите врз болниците и врз здравствените центри сè уште траат, и опомена дека ако за кратко време не бидат поправени во целост оштетената електрична и водна инфраструктура на градот, водата што е на располагање нема да ги задоволи потребите на милионите луѓе.