Barış Gündoğan, Hakan Ceyhan Aydoğan
09 Август 2016•Ажурирај: 09 Август 2016
САНКТ ПЕТЕРСБУРГ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган за време на состанокот со рускиот претседател Владимир Путин истакна дека верува оти двете земји со овој, но и со идните чекори ќе влезат во поинаква фаза од своите односи, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган денес во палатата Константин во Санкт Петерсбург се сретна со претседателот на Руската Федерација Владимир Путин, првпат по соборувањето на рускиот авион во ноември минатата година.
„Верувам дека со овој но и со следните чекори кои ќе ги направиме во иднина ќе влеземе во многу поразличен процес. Вашиот повик веднаш по државниот удар на 15 јуни, ја усреќи нашата делегација и нашата нација”, рече Ердоган.
Турскиот претседател за време на состанокот со Путин изјави дека регионот има политичи очекувања од Турција и Русија.
„Регионот има политички очекувања од нас. Верувам дека нашето солидаризирање ќе помогне во решавањето на регионалните прашања”, изјави Ердоган.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави денес, за време на средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Санкт Петербург, дека нормализацијата на односите меѓу Русија и Турција ќе бидат од корист на народите на двете земји.
„Вашето доаѓање во Русија, и покрај тешката ситуација во домашната политика на Турција, е показател на желбата на двете држави за нормализирање на односите. Тоа ќе биде во интерес на народите на двете земји”, рече Путин.
Во врска со обидот за државен удар во Турција од страна на терористичката организација ФЕТО, Путин рече дека "принципиелниот став на Русија е дека е против секоја активност која е спротивна на Уставот. Верувам дека турскиот народ под ваше раководство ќе успее да го надмине овој проблем".
Рускиот претседател нагласи дека денеска ќе се одржи билатерален и меѓуделегациски состанок на кои ќе се разговара за економските и трговските односи меѓу двете земји и заедничката борба против тероризмот. Путин изрази задоволство поради можноста за средба со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.