Burak Karacaoğlu
05 Јули 2018•Ажурирај: 05 Јули 2018
АФРИН/ЏАРАБУЛУС (АА) - Слободната војска на Сирија (ФСА) ги спречи терористите на ПКК во намера да извршат терористички напад во центарот на Африн во северозападниот дел на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Дописникот на АА од Африн јавува дека полициската патрола ФСА уапсила двајца вооружени припадници на ПКК кои од планинската периферија Мејданки влегле во Африн и подготвувале терористички напад во центарот на градот.
Кај уапсените се запленети повеќе бомби, пиштоли и пушки со пригушувачи, а еден од уапсените е државјанин на Турција.
Турските вооружени сили и ФСА во март оваа година го ослободија Африн од терористите на ЈПГ/ПКК и моментално работат на нормализација на животот во тој сириски регион.
Безбедносна закана во регионот и понатаму претставуваат скриените ќелии на ПКК кои се кријат во непристапните планини.
Паралелно со тоа, утринава во центарот на Џарабулус се активирани две автомобил бомби, а во нападот нема настрадани лица.