Öykü Zümrütdal
05 Јули 2018•Ажурирај: 08 Јули 2018
АБУЏА (АА) - Нигериската морнарица затвори 1.500 нафтени бунари во операцијата извршена на делтата на реката Нигер во југоисточниот дел на земјата во последните два месеци, соопшти новинската агенција на Нигерија НАН (NAN).
Командирот на морнарицата задолжен за операцијата, Ибрахим Деву, изјави дека илегалните нафтени бунари се затворени, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Многу илегални нафтени извори се отворени на подрачјето на овој брег“, изјави Деву, додавајќи дека операциите во регионот ќе продолжат.
Во просек, 445.000 барели нафта се извлекуваат дневно од бунарот во Кадуна, Вари и Порт Харкурт. Меѓутоа, поради технички проблеми и неадекватно одржување, рафинериите за нафта во овој регион можат да произведуват само половина од своите капацитети.
Поради вооружените напади во предели на делтата на реката Нигер, дневното производството на нафта во 2016 година беше помало од проценетотоо, кое требаше да изнесува 2,2 милиони барели. Реалното производство изнесуваше еден милион барели нафта дневно.