Ömer Koparan,Burak Karacaoğlu
05 Јули 2018•Ажурирај: 05 Јули 2018
АЗАЗ/ИДЛИБ (АА) - Најмалку пет цивили се ранети во артилерискиот напад кој силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад денес го извршија врз центарот на Ал Баб, јавува Anadolu Agency (AA).
Дописникот на АА од Ал Баб информира дека режимските артилериски сили гранатирале населба во непосредна близина на градскиот пазар.
Во нападот, според првичните информации, се ранети најмалку пет цивили. Сите ранети се згрижени во болница.
Во јужниот дел на Ал Баб во подрачјето Тадиф од раните утрински часови траат спорадични вооружени судири меѓу силите на сириската опозиција и режимските сили.
Во рамките на офанзивата „Штитот на Еуфрат“ и во соработка со бунтовничката Слободна војска на Сирија, Турските вооружени сили во февруари минатата година го ослободија Ал Баб од терористите на ДЕАШ.
Контролата во градот на западниот брег на Еуфрат ја држат турските сили и борците на сириската опозиција.