Ahmet Furkan Mercan
14 Февруари 2025•Ажурирај: 17 Февруари 2025
АНКАРА (АА) - Повеќе од 100 возила учествувале во верижна сообраќајна несреќа што ја предизвика снежната бура во САД, известува Анадолу.
Според вестите објавени во американските медиуми, верижна сообраќајна несреќа се случила на автопатот Вестбаунд I-84 во близина на водопадот Малтнома во Орегон.
Во сообраќајната несреќа предизвикана од намалената видливост поради снежното невреме и лизгавиот коловоз учествувале повеќе од 100 возила.
Канцеларијата на шерифот на округот Малтнома на својот профил на платформата X објави: „Вестбаунд I-84 е затворен поради верижна сообраќајна несреќа. Во сообраќајната несреќа се вклучени десетици возила и има сообраќајни несреќи на повеќе места. Имаме информации дека некои луѓе се заробени во сопствените возила.“
Во објавата се наведува дека во една од несреќите се запалил џип, при што интервенирале екипите за итна интервенција.