Bilgin S. Şaşmaz
11 Февруари 2018•Ажурирај: 12 Февруари 2018
ЧИКАГО (АА) - Снежните врнежи во Чикаго, Соединетите Американски Држави (САД), веќе неколку дена го отежнуваат животот во тој град, јавува Anadolu Agency (AA).
Снежната покривка наместа достигнува височина од 30 сантиметри, поради што одвивањето на сообраќајот е значително отежнато.
На првиот ден од снежните врнежи откажани се над 1.400 летови до и од Чикаго, а во вториот ден беа откажани повеќе од 400 летови или доцнеа.
Слој од мраз се појави и на брегот на езерото Мичиген, а за денес се очекуваат нови снежни врнежи.
Иако голем број екипи за чистење снег се движат низ улиците на Чикаго, поради врнежите од снег и неповолните временски услови беа забележани бројни несреќи ширум градот.