Emel Gözellik,Şerife Çetin
05 Ноември 2020•Ажурирај: 06 Ноември 2020
АНКАРА
Бројот на заразени со новиот вид на коронавирусот (Ковид-19) во светот надмина 48,4 милиони, јавува Агенција Анадолија (АА).
Интернет страницата „Worldometer“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на Ковид-19, а според последните податоци, во светот бројот на случаи на вирусот е зголемен на 48.438.944.
Во светот до сега од последиците на вирусот починаа 1.231.026 лица, оздравеа повеќе од 34,6 милиони, а бројот на активни случаи изнесува повеќе од 12,5 милиони.
Со пандемијата на Ковид-19 најтешко се погодени САД со повеќе од 9,8 милиони заразени лица и 239.829 починати.
Според бројот на заразени, по САД следуваат Индија со повеќе од 8,3 милиони, Бразил 5,5 милиони, Русија 1,6 милиони, Франција 1,5 милиони, Шпанија 1,3 милиони, Аргентина 1,2 милиони, Колумбија 1,1 милион, Велика Британија 1,09 милиони, Мексико 943.630 и Перу 911.787.
По САД најмногу смртни случаи се регистрирани во Бразил (161.170), Индија (124.354), Мексико (93.228), Велика Британија (47.742), Италија (39.764), Франција (38.674), Шпанија (38.118), Иран 36.579), Перу (34.671), Аргентина (32.520), Колумбија (32.013) и Русија (29.217).