Mohamed Sabry Emam Muhammed
11 Јули 2016•Ажурирај: 11 Јули 2016
БАГДАД (АА) - Американскиот секретар за одбрана, Ештон Картер, денес пристигна во ирачкиот град Багдад на непланирана посета, јавува Anadolu Agency (АА).
„Картер пристигна на Меѓународниот аеродром во Багдад со цел да разговара со ирачките политичари и безбедносни официјални лица”, изјави ирачкиот офицер Хасан ал Нафал за АА.
Тој рече дека разговорите на Картер во Багдад ќе бидат фокусирани на очекуваната офанзива со цел да се поврати северниот град Мосул од ДАЕШ.
Во саботата, силите на ирачката влада повторно ја зазедоа стратешката воздушна база Кајарах, јужно од Мосул, од милитантите на ДАЕШ.
Денешната посета на американскиот секретар за одбрана во Багдад е втора посета по ред, во период пократок од 3 месеци
Во април, Картер го посети Ирак за разговори со ирачките официјални лица за подготовките во борбата против ДАЕШ.
Терористите на ДАЕШ го зафатија Мосул и поголеми делови од територијата во северните и западните делови на државата во 2014 година. Силите на ирачката влада, со поддршка од страна на воздушните напади предводени од САД, уште оттогаш се стремат да го повратат поголемиот дел од територијата.