Ekip
04 Март 2017•Ажурирај: 06 Март 2017
МОГАДИШУ (АА) - Премиерот на Сомалија, Хасан Али Каире, изјави дека во изминатите 48 часа во еден регион од глад починале 110 лица поради големата суша која загрозила милиони лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за први смртни слуачеви поврзани со суша, од кога владата во вторник прогласи национална катастрофа.
Обединетите нации проценуваат дека на околу пет милиони лица во Сомалија им е потребна помош, со предупредување дека им се заканува глад.
Сомалискиот премиер зборуваше денес на седницата на Сомалискиот национален одбор за суша.
Смртните случаеви кои ги објави премиерот се случија во регионот Bay на југозападниот дел на Сомалија.