Ekipa
05 Април 2017•Ажурирај: 05 Април 2017
МОГАДИШУ (АА) - Повеќе од 400 луѓе, меѓу кои и деца, починаа како последица од суша и од епидемијата на колера во јужниот и источниот дел на Сомалија, потврдено е за Anadolu Agency (AA) од Министерството за здравство на Сомалија.
Aбдулахи Хаши Али, генерален директор на Министерството за здравство на Сомалија, изјави дека најмалку 407 лица починаа, а речиси 18.000 илјади се лечат во болницата.
„Најпогодени од суша и колера се областите Бај, Бакол, Среден Шабел и Долен Шабел. Организиравме 60 медицински екипи за да ја надминеме смртоносната болест“, вели Али.
Мустаф Мајоу, директор на болницата Касахдере во регионот Бај, за АА изјави дека луѓето секојдневно умираат од колера.
Владата на Сомалија, со поддршка од Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Светската здравствена организација (СЗО) се бори против колерата и ја следи состојбата на глад што претходно беше прогласена за национална катастрофа.
Од ОН соопштуваат дека моменталната суша во Сомалија е најлошата досега од 1945 година. На половина од населението во земјата итно му е потребна хуманитарна помош.Во вторникот, авион на компанијата „Туркиш ерлајнс“ натоварен со медицинска опрема и со храна пристигна во сомалискиот град Могадишу.