Sümeyye Dilara Dinçer
29 Април 2021•Ажурирај: 30 Април 2021
ПОРТ О ПРЕНС
Во сообраќајката што на Хаити се случи меѓу автобус и минибус кој се движел од спротивниот правец, животот го загубија 21 лице, а повеќе од 30 лица се повредени, известува Агенција Анадолија (АА).
Сообраќајката се случила во крајбрежниот град Аркае, северозападно од главниот град Порт О Пренс.
Претставниците на власта, врз основа на изјавите на очевидците соопштија дека минибусот кој од Порт О Пренс се движел во правец на Сент-Марк, во обид да го претекне возилото пред себе, се судрил со автобусот кој доаѓал од спротивниот правец.
Во сообраќајката животот го загубија 21 лице, а повеќе од 30 се повредени.