Lokman İlhan
26 Февруари 2019•Ажурирај: 26 Февруари 2019
КУКУТА (АА) – Венецуелците почнаа да користат илегални патишта поради затворањето на границата со Колумбија, јавува Anadolu Agency (AA).
По неуспешниот обид на венецуелската опозиција да ja внесе „хуманитарната помош“, испратена од САД преку Колумбија на 23 февруари, се случија немили настани. Бидејќи Венецуела целосно ги прекина дипломатските односи со Колумбија, секојдневниот живот на Венецуелците кои патуваат меѓу двете земји го направи многу тежок.
За да ги задоволат секојдневните потреби за образование, трговија, многу Венецуелци кои преминуваат во Колумбија за да стигнат до Кукута и до другите градови, ги користат паралелните патишта наречени „trocha“, контролирани од страна на вооружените групи.

Состојбата на мостовите „Симон Боливар“ и „Франциско де Паула Сантандер“ во Кукута, која ги принуди Венецуелците да ги користат паралелните патишта наречени „trocha“, сега ситуацијата во голема мера е мирна.
На мостот „Симон Боливар“, неколкумина од група од 20 маскирани лица, кои неколку дена фрлаа молотови коктели и камења, сега го демонтираат изгорениот танкер на мостот за да ги продадат останатите делови од него.
Групата, искачувајќи се со јаже на делот од мостот кој остана меѓу безбедносните сили на двете земји, ги собира пластичните шишиња и деловите од изгореното возило за да ги продава.
Во меѓувреме, генералниот директор на колумбиската Агенција за миграции, Кристијан Кругер, во однос на состојбата на мостот рече дека преминот и понатаму ќе биде затворен.
Меѓународниот мост „Франциско де Паула Сантандер“, кој се наоѓа во североисточниот дел од градот, имаше тивок ден со мали тензии. На провокациите на маскираните 5-6 лица, и покрај тоа што одвреме-навреме ја вознемируваа венецуелската страна, безбедносните сили на Венецуала не им одговорија.

Трговците, чиј пазар беше затворен поради настаните на мостот, чекаат да се отвори границата. Тие за АА изјавија дека еден дел од нивните семејства живее во градот Урена во Венецуела, и дека со денови ниту можат нешто да продадат, ниту пак да ги посетат своите семејства поради затворената граница.
Трговците се надеваат дека пазарот повторно ќе оживее, и дека границата ќе биде отворена наскоро, а со тоа дека ќе можат да преминат на другата страна за да ги видат своите семејства.
Од друга страна, преку соопштение на колумбиската Агенција за миграции беше истакнато дека бројот на венецуелските безбедносни сили кои „побарале засолниште“ во Колумбија, се искачил на 274.
Во областите кои припаѓаат на подрачјето на Кукута, Норте де Сантандер, има 243 припадници на безбедносните сили кои преминале во Колумбија, во Араука 23, во Ла Гуајира 8. Се тврди дека меѓу нив има припадници на специјалните сили.
Венецуела е зафатена со протести од 10 јануари, кога претседателот Николас Мадуро ја положи заклетвата за својот втор мандат, по изборите кои беа бојкотирани од страна на опозицијата.
Тензиите дополнително се зголемија откако опозицискиот лидер и претседател на Парламентот на Венецуела, Хуан Гваидо, на 23 јануари се самопрогласи за вршител на должноста претседател на државата, што беше поддржано од страна на САД и голем број европски и латиноамерикански држави.
Русија, Кина, Турција, Боливија, Мексико и Иран го поддржуваат Мадуро.
Американскиот претседател Доналд Трамп, имаше изјавено дека една од опциите е „испраќање воени единици во Венецуела“.