Tayfun Salcı
26 Февруари 2019•Ажурирај: 26 Февруари 2019
ЛОНДОН (АА) - Од граѓаните на Британија, 75 отсто сметаат дека земјата е поделена, најмалку имаат доверба во политичките партии, а најмногу во армијата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според истражувањето на „Скај дата“, минатиот месец, од 2.883 испитаници, 75 отсто од граѓаните на Британија сметаат дека земјата е поделена. Оваа стапка е 81 процент кај младите луѓе на возраст од 25 до 34 години.
Од испитаниците, 42 проценти, најголемиот фактор за поделбата на земјата го гледаат во Брегзит (излегувањето од Европската Унија), додека 23 проценти сметаат дека тоа се политичарите, а 14 проценти имигрантите.
Британците најголема доверба имаат во армијата, следуваат здравствениот систем и полицијата.
Кралското семејство се наоѓа на четвртото место во рангирањето за доверба.
- Владата има најмалку доверба
Според анкетата, најмала доверба има Владата, потоа следуваат Конзервативната партија која е на власт, главната опозициска Лабуристичка партија и медиумите.
Од испитаниците, 87 отсто изјавиле дека се незадоволни од политичарите. Оваа стапка кај младите луѓе е зголемена на 90 проценти.
Според анкетата, 62 отсто од јавноста смета дека Британија е исламофобична, 51 отсто смета дека е расистичка.
- Брегзит со поголем приоритет од другите политики
Според резултатите од истражувањето објавено минатиот месец од британската „Велика Британија во променета Европа“, приоритетот за Брегзит во Велика Британија беше пред политичките партии.
Според тоа, околу 95 отсто од населението во Велика Британија приоритет му дава на Брегзит, додека 80 отсто кон политиката.
Во Велика Британија, процесот Брегзит премина во криза поради балансот во Парламентот, а од Владата се очекува да го одложи излегувањето од ЕУ, кое треба да се случи на 29 март.
Земјата е управувана од малцинската Влада предводена од Тереза Меј од предвремените парламентарни избори одржани во 2017 година.
На референдумот на 23 јуни 2016 година, за Брегзит гласаа 52 проценти, а против беа 48 проценти.