Jeyhun Aliyev,Ahmet Gençtürk
31 Октомври 2021•Ажурирај: 31 Октомври 2021
РИМ (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, и неговиот американски колега, Џо Бјаден, се сретнаа денес во Рим, во рамките на дводневниот самит на лидерите на земјите членки на Г-20 во Италија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Се очекува двајцата лидери да разговараат за билатералните односи и за регионални прашања, меѓу кои и за Сирија и Авганистан, како и за други прашања поврзани со барањето на Турција за разјаснување во однос на тековниот спор за воените авиони Ф-35.
Се очекува Ердоган и Бајден да присуствуваат и на самитот на светските лидери на Конференцијата на Обединетите Нации (ОН) за климатски промени, позната како КОП26, која започнува денес во шкотскиот град Глазгов.
Ердоган последен пат се сретна со Бајден во јуни, на самитот на НАТО во Брисел.