Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
24 Февруари 2022•Ажурирај: 25 Февруари 2022
БРИСЕЛ
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, истакна дека не планираат да испраќаат војници во Украина и дека ги активирале своите одбранбени планови со цел војната да не се прошири кон териториите на НАТО, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Столтенберг одговори на новинарските прашања по состанокот на НАТО одржан поради руската воена интервенција во Украина.
Тој се осврна на тоа што НАТО го зголемило своето воено присуство во источниот блок преку натрупување илјадници војници.
Според него, тоа е отворена порака дека во случај да се изврши напад врз еден од сојузниците, тоа ќе ја поттикне реакцијата на целата Алијанса.
Тој рече дека ова натрупување што НАТО го реализира не е за да се поттикне конфликт, туку да се спречи.
Столтенберг нагласи дека нападот на Русија не е изненадување, туку е реализиран во рамки на прогнозите на разузнавањето на НАТО.
Запрашан дали е отворен патот за дијалог со Русија, Столтенберг одговори: „Русија го затвори патот за политичко решение.“
„Руските лидери сносат целосна одговорност за нивните непромислени дејствија и за изгубените животи“, нагласи Дтолтенберг, повторувајќи го повикот на НАТО до Русија веднаш да го запре нападот и да ги повлече силите од Украина.
Генералниот секретар на НАТО истакна дека во Украина нема сили на НАТО и дека немаат таков план. Тој додаде дека ги активирале своите одбранбени планови со цел војната да не се прошири кон териториите на НАТО.
Што се однесува до прашањето во врска со апелот на Украина до Турција за затворање на теснеците, Столтенберг одговори: „Тоа не беше разговарано на денешниот состанок. Сигурно дека Турција е сојузник на НАТО. Турција има специјална улога кога се работи за теснеците.“