Bilgin S. Şaşmaz
12 Декември 2016•Ажурирај: 13 Декември 2016
ЧИКАГО (АА) - Поради студеното време и снежните бури, кои зафатија одредени држави во САД, во Чикаго беа откажани 1.400 летови, јавува Anadolu Agency (AA).
Студеното време од саботата е забележано во сојузните држави Илиноис, Ајова, Мичиген, Минесота, Јужна Дакота и во Висконсин. Неповолните временски услови беа почувствувани во многу метрополи, меѓу кои и во Чикаго, каде што висината на снежната покривка достигна 30 сантиметри, соопшти американското Национално биро за метеорологија.
Бирото ги предупреди граѓаните за студеното време, со температури неколку степени под нулата, и ги повика да ги преземат сите неопходни мерки. Се очекува поради временските услови сообраќајот да се одвива отежнато.