Aida Cako
02 Октомври 2025•Ажурирај: 03 Октомври 2025
СКОПЈЕ (АА) - Студентите се собраа во главниот шпански град Мадрид за да протестираат, солидализирајќи се со Палестина и изразувајќи поддршка за Глобалната флотила „Сумуд“, која беше нападната од Израел, јавува Анадолу.
Демонстрантите маршираа низ Мадрид барајќи прекин на израелската блокада на Газа и меѓународна заштита на хуманитарните конвои.
Слични демонстрации се одржаа во 35 града низ Шпанија, што одразува широка јавна поддршка за флотилата и палестинската кауза.
Израелските поморски сили ја нападнаа Глобалната хуманитарна флотила што се упати кон опколениот Појас Газа и приведоа 317 активисти на бродовите, соопштија денес организаторите.
Активистите на бродовите нападнати од Израел се од различни националности, меѓу кои има Шпанци, Италијанци, Бразилци, Турци, Грци, Американци, Германци, Швеѓани, Британци, Французи и многу други.
Израелското Министерство за надворешни работи на платформата на американската компанија за социјални медиуми X соопшти дека приведените активисти се на пат кон израелското пристаниште Ашдод, од каде што ќе бидат депортирани во Европа.
Официјалниот систем за следење на флотилата покажа дека 21 брод биле нападнати од израелските сили, а 23 се на пат кон Газа.