Jeyhun Aliyev
12 Април 2019•Ажурирај: 13 Април 2019
КАРТУМ (АА) - Централниот комитет на доктори на Судан соопшти дека најмалку 13 лица загинале вчера во Судан кога безбедносните сили интервенирале врз протестите, јавува Anadolu Agency (AA).
„Два смртни случаи се случија и во главниот град Картум“, се вели во соопштението издадено утринава.
Комитетот соопшти дека едно лице загинало пред седиштето на Армијата во Картум, каде што стотици демонстранти шест дена по ред организираа протести.
Од саботата во судирите со безбедносните сили загинаа најмалку 35 лица.
Вчера суданската Војска објави отстранување од функцијата на претседателот Омар ал Башар, кој владееше со земјата од 1989 година, како и наметнување двегодишен период на преодна фаза.
Во телевизиско обраќање, министерот за одбрана, Авад ибн Ауф, објави воведување едномесечен полициски час заедно со тримесечна вонредна состојба низ земјата.
Тој, исто така, го објави и суспендирањето на Уставот од 2005 на Судан и распуштањето на суданското Претседателство, Парламентот и Советот на министри.
Изјави дека ќе биде воспоставен воен совет за да ги води внатрешните работи на земјата по отстранувањето на Ал Башир.
Суданските опозициски партии и професионални здруженија го отфрлаат терминот „воен удар“.
Ал Башир дојде на власт во 1989 година за време на воениот удар против демократски избраната власт на премиерот Садик ал Махди.