Ayşe Aktaş
07 Декември 2016•Ажурирај: 07 Декември 2016
РИО ДЕ ЖАНЕИРО (АА) - За време на протестите во бразилскиот град Рио де Жанеиро, поради мерките за штедење, дојде до судир меѓу демонстрантите и полицијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата соопшти дека голем број демонстранти се собрале пред зградата на Парламентот во Рио де Жанеиро.
Демонстрантите врз зградата фрлале молотови коктели и експлозивни направи. Локалните медиуми наведуваат дека полицијата интервенирала со солзавец и со гумени куршуми.
Рио де Жанеиро се бори со голема економска криза. Илјадници работници не добиваат плата. Доцнат и пензиите што веќе подолго време води до протести на незадоволни граѓани.