Sayed Khodaberdi Sadat
21 Октомври 2019•Ажурирај: 22 Октомври 2019
КАБУЛ (АА) – Дваесет безбедносни службеници се убиени во судирот меѓу талибанските милитанти и безбедносните сили во областа Гизаб, во авганистанската покраина Урузган, пренесува Anadolu Agency (AA).
Хатаб Ханџар, портпарол на полицијата во Урузган, во изјава за медиумите рече дека судирите настанале откако милитантите го нападнале центарот на Гизаб.
Ханџар, истакнувајќи дека 20 безбедносни службеници ги загубија своите животи во судирите настанати во последните 48 часа, рече дека се убиени 18 милитанти, а 22 милитанти се повредени.
Во соопштението од Талибанците пак, се тврди дека по нападот е преземена контролата врз голем број полициски станици.