Ekipa
21 Октомври 2019•Ажурирај: 21 Октомври 2019
ДУХОК (АА) - Околу 100 оклопни возила што превезуваа американски војници од Сирија пристигнаа во Ирак, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите на локалните медиуми, околу 100 оклопни возила, кои ги превезувале американските војници, поминале низ граничниот премин „Симелка“ на сириската граница и пристигнале во Ирак.
Американските единици што минуваат низ Духок се очекува да пристигнат во базата „Ајн’ул Асад“ во Енбар.
Американскиот министер за одбрана, Марк Еспер, во вчерашната изјава рече дека со одлука на американскиот претседател, Доналд Трамп, околу илјада американски војници што се повлекоа од Сирија ќе бидат однесени во западните делови на Ирак.