Elena Teslova
24 Декември 2021•Ажурирај: 29 Декември 2021
МОСКВА (АА) - Судот во Москва донесе одлука да го казни глобалниот технолошки гигант „Гугл“ со речиси 100 милиони долари поради тоа што не ги бришел информациите забранети во Русија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според Градскиот суд во Тагански, 16 пријави се поднесени против „Гугл“ поради систематски неуспех во бришењето информации забранети во земјата.
За првпат казната беше изречена по основ на промет.
Според „Гугл“, прометот на неговото руско претставништво во 2020 година надмина 85 милијарди рубљи (над 1,15 милијарди долари).